Фајзер или Спутник? Една вакцина е двојно ПОЕФИКАСНА против „Омикрон“ – ЕВЕ КОЈА

Руската Спутник V вакцина против коронa ја неутрализира активноста на омикрон двапати поефикасно од вакцината Фајзер, соопштија од рускиот Фонд за директни инвестиции и центар Гамалеја.

„Вакцината Спутник V покажа повеќе од двапати поголем титар на антитела кои го неутрализираат сојот омикрон на вирусот (Б.1.1.529) во споредба со две дози на вакцината Фајзер, се вели во соопштението објавено по заедничкото истражување со италијанскиот национален Завод за заразни болести „Лазаро Спаланчани“.

Како што е наведено, Спутник V произведува 2,1 пати повеќе антитела против сојот омикрон отколку вакцината Фајзер.

Покрај тоа, експертите заклучија дека употребата на вакцината Спутник Лајк како бустер доза ја зголемува активноста против сојот омикрон до ниво споредливо со заштитата што ја обезбедува вакцината Спутник V против оригиналниот сој.

Истражувањето е спроведено во истите лабораториски услови во Институтот во Италија врз основа на споредливи примероци на крв од луѓе вакцинирани со Спутник V и Фајзер со слични нивоа на антитела и активност што го неутрализира оригиналниот сој регистриран во Вухан.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!