Роберт Левандовски изберен за најдобар фудбалер на светот

Роберт Левандовски ја доби наградата за најдобар фудбалер на ФИФА за 2021 година.

Оваа награда Полјакот ја доби и минатата година, а годинава славеше со 48 поени, четири повеќе од Лионел Меси и девет повеќе од Мохамед Салах кога беа пребројани сите гласови на капитените на репрезентациите, новинарите, навивачите и тренерите.

Левандовски доби двојно повеќе гласови од навивачите од Меси, но победи убедливо во изборот на новинари, тренери и капитени на сите репрезентации на ФИФА. Тренерот на Челзи, Томас Тухел е избран за тренер на годината, пред Роберт Манчини и Пеп Гвардиола.

Голман на годината е Едуард Менди (Челзи), кој има ист број бодови (24) како Џанлуиџи Донарума, но победи затоа што доби повеќе гласови како капитен на националниот тим. Трет по тој редослед е Мануел Нојер.

ФИФА ја додели наградата „Пушкаш“ за гол на годината на Ерик Ламела за фантастичниот гол за Тотенхем против Арсенал. Наградата за фер плеј ја доби данската репрезентација и нејзината медицинска служба за се` што доживеаја на Еврото во случајот со Кристијан Ериксен, а данските и финските навивачи беа прогласени за најдобри во 2021 година.

Специјалната награда отиде во рацете на Кристијано Роналдо, кој стана најдобар стрелец во историјата на националниот фудбал, а ФИФА ги објави и најдобрите 11 во 2021 година. Интересно, иако беше трет во рангирањето за најдобар играч, во тој состав го нема Мохамед Салах, а на голот е Донарума, иако за голман на годината беше прогласен Едуард Менди. За најдобра фудбалерка е прогласена Шпанката Алексија Путела.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!