Од денеска казни за лица над 60 години кои НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ против Ковид-19 – Нови мерки во Грција

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Од околу 300.000 граѓани ќе се бара да платат казна од 50 евра за јануари, додека за секој нареден месец во кој граѓанин ќе остане невакциниран казната ќе биде 100 евра.

Атинска новинска агенција, повикувајќи се на извори од грчката влада, објави дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години веќе се вакцинирани или закажале термин.

Истите извори забележуваат дека благодарение на задолжителната вакцинација за постарите од 60 години, процентот на вакцинирани во оваа возрасна група, која е една од најзагрозените, е зголемен за речиси 10 процентни поени.

Имено, вакцинирани или закажани се 2.761.838 граѓани на возраст над 60 години, додека од 30 ноември кога беше објавена казна од 100 евра, бројот на граѓани кои решиле да се вакцинираат достигна 217.000.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!