Новата Влада со ПРВ СЕРИОЗЕН ПРЕДЛОГ: Докторите Пановски и Даниловски да бидат ДЕЛ од НОВАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСНИ, предлага ЛДП

Либералдемократската партија предлага во Комисијата за зарани болести да членуваат д-р Никола Пановски и д-р Драган Даниловски, двајцата лекари кои неуморно во текот на последниве две години од почетокот на пандемијата алармираат и споделуваат совети и препораки за граѓаните и совреме предупредуваат на епидемиолошката состојба во земјава, информира Нова ТВ.

Во ЛДП велат дека ако денеска на владината седница стане збор за новиот состав на Комисијата за заразни болести тие ќе ги достават своите предлози, но исто така ќе го информираат и новиот министер за здравство Беким Сали за нивниот предлог.

– Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат стручњаци кои недвосмислено ќе можат да се носат со сите предизвици на ковид пандемијата и да предлагаат мерки за заштита на населението од заразни болести поттикнати пред се од епидемиолошката состојба во земјава, а не од какви било политички влијанија или калкулации, порачуваат од ЛДП.

Членовите на Комисијата се избираат од редот на истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.

Комисијата за заразни болести во мандатот на министерот Венко Филипче кој денеска му ја предаде функцијата на новиот министер ја водеше Жарко Караџовски на чија адреса во текот на пандемијата неколкупати стасуваа реакции поради ненавремени мерки против ширењето на коронавирусот, како што беше и за време на новогодишните празници.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!