НАЈБОГАТИТЕ УШТЕ ПОБОГАТИ: Дуплирано богатство во Корона криза – Овие 10 луѓе енормно ги „наполнија своите џебови“

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот – вклучувајќи ги илон маск, џеф безос и бил гејтс – се зголеми за повеќе од двојно за време на пандемијата, а според оксфам изнесува 1,5 трилиони долари.

Нивниот зголемен профит од почетокот на пандемијата ги направи шест пати побогати од најсиромашните 3,1 милијарди луѓе во светот, соопшти хуманитарната организација, додавајќи дека од март 2020 година речиси секој ден се создава нов милијардер.

– Оваа година, она што се случува е надвор од сите норми. Скоро секој ден се создаваат нови милијардери во пандемијата, додека 99% од светската популација живее полошо поради карантините, пониската меѓународна трговија, помалку туризам. Нешто е длабоко фалично со нашиот економски систем.“ – изјави Дани Срискандараџа, извршен директор на Оксфам.

Според бројките кои се наведуваат во извештајот, најбогатите 10 луѓе на светот се: Илон маск, Џеф безос, берно арно и семејството, Бил Гејтс, Лери Елисон, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Марк Закерберјг, Стив Балмер и Ворен Бафет. Меѓу нив постојат големи варијации – на пример богатството на гејтс пораснало за 30%, додека она на Маск се пораснало за повеќе од 1000%.

Во меѓувреме, за време на пандемијата уште 160 милиони луѓе се принудени на живот во сиромаштија, соопшти оксфам, цитирајќи бројки од листата на милијардери на форбс за 2021 година.

Поради ваквата сѐ поизразена нееднаквост оксфам ги повика владите да воведат еднократен данок од 99 отсто за милијардерите во светот и да ги искористат парите за финансирање на зголемување на производството на вакцини за сиромашните.

Извор: 24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!