ЕВЕ како да разликуваме „Омикрон“ од настинка

Иако омикрон варијантата на коронавирус дава многу симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно да се постапи.

Покрај тоа што е утврдено дека поголемиот дел од пациентите кои се ковид-позитивни се соочуваат со гребење во грлото, експертите во пракса утврдиле и три симптоми карактеристични за омикронот, а кои не се појавуваат при настинка.

„Уникатната карактеристика на короната е губењето на чувството за мирис и вкус, што нема да го најдете кај настинката“, рече д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар „Шарп Чула Виста“ во Сан Диего, додавајќи дека дополнително кај обичната настинка не се среќава силна треска и силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон.

„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста да сте заразени со ковид, отколку да станува збор за настинка“, рече Шао.

Слично за омикронот и настинката се треската, болките во грлото, а ако болеста напредува – кашлањето и отежнатото дишење.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!