Дончиќ со 40. трипл-дабл ја прекина серијата на Мемфис, Голден Стејт си поигра со Чикаго

Тимот на Далас Маверикс ја прекина победничката серија на Мемфис Гризлис во НБА лигата и тоа на негов терен каде го совлада со 112-85.

Домаќинитете влегоа со многу самодоверба во овој меч со оглед на низата од 11 триумфи, меѓутоа на другата страна имаа ривал подготвен да ги запрен, подготвен за надигрување, ривал спремен да одигра фантастично како во одбраната така и во нападот.

Така избраниците на Кид славеа убедливо, а за тоа најголема заслуга има Дончиќ кој имаше 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции или поточно за него ова беше 40. трипл-дабл во кариерата. Освен него уште шест играчи бра двоцифрени, но никој немаше повеќе од 16 кошеви.

Морант со 19 беше стандарндо најдобар кај Гризлис.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!