вторник, 18 јануари, 2022

Засега НЕМА скратување на изолацијата, почетокот на УЧЕБНАТА ГОДИНА ќе зависи од епидемиолошката состојба

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци, информира Министерството за здравство.

На Комисијата, додаваат од таму, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови, велат од здравство.

„На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука“, наведуваат од министерството.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!