Владата ОДЛУЧИ: Граѓаните НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПОСКАПО ПАРНО – Државата ќе покрива 80 проценти од разликата во цената

Владата во координација со сите институции им предложи на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергетика, разликата од актуелната до реалната цена, да се покрие од Буџетот во висина од 80 проценти.

Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши кој го повика град Скопје и општините да ги преземат како обврска останатите 20 проценти.

Првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски уверува дека оваа мерка ќе обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинската енергија и дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки.

„Сакам да го повикам Градот Скопје но секако дека и општините во склоп на градот Скопје во рамки на своите буџети да се вклучат во поддршка на домаќинствата и институциите корисници на топлинската енергија со цел да се ублажи притисокот од ликвидноста што ја имаат компаниите кои што ја снабдуваат со топлинска енергија градот Скопје“, истакна Крешник Бектеши.

„Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука со која што цените за топлинска енергија ќе бидат реални.

Разликата помеѓу оваа реална цена до постоечката цена ќе бидат покриени во најголем дел од Владата а во еден сосема минимален дел од Градот Скопје и од општините во градот Скопје. На тој начин ќе се обезбеди потребната ликвидност и на БЕГ Производство и на БЕГ Дистрибуција и на БЕГ Снабдување.

Исто така што треба да се знае дека со овие мерки трошокот за топлинска енергија на домаќинствата во градот Скопје ќе останат непроменети“, вели Марко Бислимовски.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!