вторник, 18 јануари, 2022

(ВИДЕО) ТАЖНА ВЕСТ ОД СПОРТСКИОТ СВЕТ: Познат фудбалер почина синоќа во тешка сообраќајна несреќа

Фудбалерот на Коњаспор и поранешен турски репрезентативец, Ахмет Чалик (27 години), загина ноќеска во тешка сообраќајна несреќа, објавија медиумите од оваа држава.

Тој изгубил контрола врз своето возило, најверојатно поради големата брзина и излетал од патот. Лекарските екипи набрзо пристигнале, но било предоцна да сторат нешто за несреќниот фудбалер.

Чалик кариерата ја почна во Генчербирлиги (2011-2017), по што три сезони настапуваше за Галатасарај, а од 2020 година е член на Коњаспор. Тој беше член на сите младински турски селекции, а за сениорскиот тим настапуваше од 2015 до 2017 година со осум одиграни средби и еден постигнат гол.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!