вторник, 18 јануари, 2022

Полицијата фати НЕИСПРАВЕН АВТОБУС кој превезувал ДЕЦА до Попова Шапка

Вчера околу 14:30 часот и 30 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, кој превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка.

Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај, соопштија од СВР Тетово.

Додаваат дека против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци, додека автобусот ќе биде надвор од функција до отстранување на техничките недостатоци.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!