Бугарите СНИМИЈА ПЕСНА во чест на Ѓоковиќ: Австралија ПУCTA ДА БИДЕ (ВИДЕО)

На приватната бугарска телевизија, ТВ 7/8, група наречена Куку Бенд пее песна посветена на борбата на Новак Ѓоковиќ со австралиските власти.

Песната која ја нарекоа Форхенд, бекхенд, всушност е кавер на хитот на Лепа Брена Луда за тобом, а текстот го сменија за да му испратат порака за поддршка на Новак.

Видеото за кратко време стана хит на Фејсбук, а ентузијастичките Срби почнаа да пишуваат бројни пораки за благодарност во коментари до Бугарите.

Стиховите од песната ги пренесуваме во целост:

Австралија да биде пуста,
коронавирусот да има насекаде…

Не му дозволувате на Ѓоковиќ да влезе во земјата,
го затворивте во хотел.
Ниту Абориџините не знаат,
за PCR и балкански гени.

Нека скокаат кенгурите колку сакаат,
Ѓоковиќ повторно ќе биде најдобар.

Лудиот Ноле ги тепа,
му беше доделена балканска слава,
лудиот Новак им глуми,
и нема да се вакцинира.

Со плескавица и крушкова ракија,
и омикрон и делта ќе ги убие,

А Новак Ѓоковиќ е со короната (бугарски – круна),
затоа што тој е – балканскиот крал!

Погледнете го видеото ТУКА.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!