вторник, 18 јануари, 2022

Едно лице почина во сообраќајна несреќа

Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.

Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на улицата М.А.Ченто се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „голф“ со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје.

Итната медицинска помош констатирала смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!