вторник, 18 јануари, 2022

Алберт Бурла: Не сум СИГУРЕН дека ќе ни биде ПОТРЕБНА четврта доза

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, денеска изјави дека не е сигурен дали ќе ни треба четврта доза вакцина против Ковид-19 и дека вакцината против варијантата омикрон ќе биде готова во март.

Неговото мислење е во судир со извршниот директор на Модерна, Стивен Бансел, кој минатата недела рече дека на луѓето во есента 2022 година веројатно ќе им биде потребна четврта доза поради намалената ефикасност на бустер дозата.

„Не знам дали има потреба од друг засилувач, тоа е нешто што треба да се тестира“, рече Бурла, цитиран од Ројтерс.

Тој додаде дека се работи на нова верзија на вакцината против ковид-19, која треба да биде ефикасна против омикрон, но и другите варијанти.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!