Фолксваген ја укинува лимузината Пасат во Европа – ЕВЕ ЗОШТО

Според британски„Аутокар“, германскиот бренд Фолксваген го прекинал производството на лимузината Пасат за европскиот пазар.

Причините за ваквата одлука се посилната продажба на караванот Пасат и постоењето на слично позициониран Артеон.

Вестите дека Фолксваген ќе ја укине лимузината Пасат во Европа се појавуваат од 2020 година.

Сепак, се очекуваше тоа да се случи во 2023 година, но оваа најнова вест значи дека германскиот производител на автомобили ја сменил предвидената временска рамка.

Фолксваген, исто така, го објави крајот на Пасат во САД, а тамошниот „2022 Passat Limited Edition“ го означува крајот на производството во Америка.

Деветтата генерација на моделот Пасат за 2023 година ќе биде изградена врз основа на подобрена „MQB“ платформа.

Со овој најнов развој, деветтата генерација ќе биде достапна исклучиво како караван модел кога ќе пристигне во Европа.

Да потсетиме, Пасат е достапен како седан и караван од 1973 година, кога беше лансиран оригиналниот модел.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!