Кирјос ги потсети австралијанците: Брзо ЗАБОРАВИВМЕ на ПОМОШТА од Ѓоковиќ кога имавме пожари

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос ги потсети луѓето од својата земја на хуманиот гест на Новак Ѓоковиќ кога во Австралија беснееа големи пожари.

Ѓоковиќ со сериозна парична донација ѝ помогна на Австралија кога беа големите пожари во оваа земја. Ник Кирјос ги потсетува Австралијанците на тоа.

„Тој нас ни помогна. Во текот на пожарите ни даде поддршка. Брзо заборавиме, или медиумите брзо забораваат. Тој тогаш не мораше да ни помогне. Повеќето спортисти не би го направиле тоа, тие се себични. Јас тоа не можам да го заборавам. Затоа сакам повторно да кажам, мора да бидеме подобри“, вели Кирјос.

Често се пишуваше за „војни“ меѓу Кирјос и Ѓоковиќ, па австралискиот тенисер беше запрашан и за односот меѓу нив двајца.

„Новак и јас бевме пријатели, трениравме заедно. А потоа медиумите не разделија. Некои работи беа пренадувани и ситуацијата изгледаше за 30 пати полоша од што беше. Се сеќавам дека Новак беше еден од ретките играчи кои ми пријде и ми рече слободно да му се обратам ако ми треба нешто, дека сака да ми помогне“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!