Детална временска прогноза за следните денови

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Утре и во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 10.01.2022
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 5°C до 9°C
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 11.01.2022
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.01.2022
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!