Голема трагедија: 14 лица починаа, а тројца се повредени при одрон на градилиште во југозападниот дел на Кина

При одрон на градилиште во југозападниот дел на Кина загинаа 14 лица, а тројца се повредени, соопштија локалните власти.

Во тек е истрага за причините за несреќата во градот Биџи. Инцидентот се случил на местото на изградба на дел од болница.

Повеќе од илјада луѓе се вклучени во спасувачката операција.

Работните места во Кина често се небезбедни поради непочитување на стандардите.

Извор: 24.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!