вторник, 18 јануари, 2022

ТРАГЕДИЈА: Три млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во Србија

Три млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на патот Шабац-Ваљево кај местото Драгиње во Србија.

Како што пренесува Телеграф, возачот на „пежо 307“ со ваљевски регистарски таблички изгубил контрола и преминал на спротивната лента каде во моментот се движел камионот и фронтално удрил во него.

На лице место загинале сите во автомобилот – возачот А.Н.(20) од Осечина, девојката И.М.(20) од Ваљево, која седела на совозачкото седиште и уште едно момче П.О.(21).

Неофицијално се дознава дека патниците немале појас, а девојката во скутот држела кученце кое исто така настрадало.

Да потсетиме, четворица млади момчиња загинаа вчера на патот Нови Пазар-Рибариќе, во близина на селото Лукаре кај Нови Пазар.

До судирот дошло откако едно од младите при претекнување изгубило контрола над автомобилот и се судрило со автомобил од спротивниот правец.

Жената (56) која управувала другиот автомобил, е на интензивна нега. Починатиите се на 22, 23 и двајца на 20 годишна возраст.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!