



Во новиот избор на Централниот одбор ќе има различни луѓе од општеството, добро познати на јавноста. Обединувачкиот момент е тој кој ќе биде главниот предзнак на овој состанок на ЦО. Сметам дека со еден ваков тим, освежен, напреден, силно оперативен, ќе постигнуваме следни резултати.




За кадровите во владиниот кабинет ќе се разговара на следниот ЦО кој ќе биде по новогодишните празници. Заеднички сите ќе ги носиме нногу битни сензитивни одлуки за државата, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.




„Ќе имаме посебно тело кое ќе се занимава со анализи и ставови во нашата партија, исто така ќе ги гледаме сите проекти од самата владина програма кои биле наш приоритет во рамки на изборната кампања. Онаму каде имаме потфрлено на последните избори ќе биде посебна анализа и со тоа ќе продолжиме напред. Во моментов сите кадри ни се потребни и сите врати се отворени,“ вели Лукаревска.



