



По Втората светска војна, по примерот на Комунистичката партија на СССР, југословенскиот државен врв донесе одлуки кои се спроведуваа без дискусија, иако некои од нив беа повеќе од штетни за граѓаните на тогашната земја.




Работнички логори, конфискација на имот и прогон на идеолошка основа со и без докази се само дел од примерите на лошото владеење на тогашниот режим. Сепак, една одлука на Тито и партијата може слободно да се класифицира под наслов „Верувале или не“.




Имено, според некои тврдења, еден од најголемите непријатели на закрепнувањето и напредокот на државата биле козите! За тоа зборувал и самиот Тито во говорот што го одржал во Требиње во 1954 година.
-Морам да кажам дека сум среќен што ги уништивте козите, бидејќи сега гледам дека вашите ридови се зелени. Би сакал да го прават тоа каде што не направиле. Нашиот човек за 10 години ќе почувствува што му значела козата, и што е потребно да се одгледуваат овци затоа што тие даваат и млеко и волна. Одгледувањето овци нема да ја уништи шумата.




-А знаете дека шумата ја подобрува климата. Кога овие ридови се обраснати со шума, тогаш нема да имате сува клима каква што имате во текот на летото, таа неподнослива топлина. Климата ќе се промени, а тоа ќе ви даде повеќе можности за поинтензивно обработување што ги имате овде, рекол Тито.




Како што се наведува, спорниот закон е донесен во 1948 година во ФНРЈ, по директна наредба на самиот Тито, а важел нешто повеќе од една деценија, бидејќи кон крајот на 50-тите години бил укинат.




Ваквата политика на државата опасно се одразила на одгледувањето кози, кои се познати како повеќекорисни животни, чие млеко се користело како единствен лек во некои оддалечени делови на земјата во борбата против белодробните заболувања.