вторник, 18 јануари, 2022

Бесими кажа дали во буџетот се ПЛАНИРАНИ ПАРИ ЗА ИСПЛАТА на К-15 за јавниот сектор за 2022

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

-За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, прашан дали има предвидено пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Во неделата, Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест, изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законот за прогласување на недела за неработен ден и барајќи зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати.

Дел од барањата на синдикатот беа и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!