вторник, 18 јануари, 2022

Препорачан уште еден лек против тешките форми на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача проширување на индикациите за лекот РоАктемра за да се вклучи и третман на возрасни со Ковид-19 кои се на кислород или на кои им е потребна механичка вентилација.

Овој лек на Рош е веќе одобрен во ЕУ за третман на воспалителни состојби на ревматоиден артритис, системски јувенилен идиопатски артритис, јувенилен идиопатски полиартритис, клеточен артеритис и синдром на ослободување на цитокини.

Студијата покажала дека овој лек даден преку инфузија заедно со стандарден третман го намалува ризикот од смрт во споредба со самиот стандарден третман.

Вкупно 31 процент од пациентите третирани со RoAktemra плус стандарден третман (621 од 2.022) починале во рок од 28 дена во споредба со 35 проценти од пациентите кои примале само стандарден третман (729 од 2.094).

Дополнително, 57 проценти од пациентите (1.150 од 2.022) кои примиле RoAktemra можеле да ја напуштат болницата во рок од 28 дена во споредба со 50 проценти од пациентите (1.044 од 2.094) кои примиле само стандарден третман, според ЕМА.

Студијата исто така покажала дека зголемувањето на смртноста не може да се исклучи кога RoAktemra се користи кај пациентите кои не примаат системски кортикостероиди, но дека безбедносниот профил на лекот е поволен кај оние кои веќе се на третман со кортикостероиди.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!