недела, 25 септември, 2022

„Слобода и правда“: Протест во Струмица на граѓани кои се против ковид мерките

Под мотото „Слобода и правда“ граѓаните од Струмица кои се против ковид мерките денеска повторно излегоа на протестен караван со патнички возила и вклучени сирени.

Тие побараа укинување на актуелните здравствени мерки, кои за нив се недемократски и неуставни и го ограничуваат правото на движење. Велат дека не се против вакцинацијата, но таа да не биде обврзувачка.

-Мерките за справување со здравствената ситуација во земјата ги оценуваме како недемократски и сегрегирачки. Ние сметаме и веруваме дека секој треба да има право на избор и нагласуваме дека не сме против вакцинацијата, туку секој да има право на свој избор, рече Лидија Панова, овластено лице на Здружението на граѓани „Слобода и правда“.

Информираа дека во иднина ќе делуваат како регистрирано здружение и ќе работат на подигање на свеста на граѓаните за човековите слободи и права, за нивната примена и за нивното остварување по институционален пат, а протестите ќе ги организирале сè додека има мерки против Ковид-19.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!