понеделник, 28 ноември, 2022

ИНФИЦИРАН СО ОМИКРОН И ПОКРАЈ ПРИМЕНИ ТРИ ДОЗИ: Израелски кардиолог се заразил по неколкудневен престој во Велика Британија

Израелски лекар, кој бил еден од првите луѓе во светот кој бил заразен со варијантата омикрон, вели дека верува дека се заразил со вирусот кога бил во Лондон на голема конференција.

Откритието на докторот Елад Маори може да предизвика стравувања дека варијантата можеби била во Обединетото Кралство многу порано отколку што се мислеше.

Во интервју за Гардијан, кардиологот од медицинскиот центар во близина на Тел Авив опиша како се вратил во Израел на 23 ноември по тридневен престој во источен Лондон. Симптомите почнал да ги чувствува за неколку дена, а на 27 ноември добил позитивен тест.

Времето од изложувањето до почетокот на симптомите се смета дека е до 14 дена, иако симптомите обично се појавуваат пет дена по изложувањето.

Маори, кој е и професор по кардиологија во Тел Авив, пристигнал во Лондон на 19 ноември и останал четири ноќи во хотел во северниот дел на градот. Досега, тој покажал благи симптоми на корона вирус, вклучувајќи треска, болки во мускулите и болки во грлото.

Иако не може да биде сигурен како и кога се заразил, Маори, кој примил три дози од вакцината Фајзер, е убеден дека тоа се случило во Велика Британија.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!