вторник, 18 јануари, 2022

(ВИДЕО) ДОКУМЕНТИТЕ ВО УСТА: Коза влегла во владина канцеларија и украла документи

Во индиската држава Утар Прадеш во Канпур, коза влегла во владина канцеларија и украла документи, јавуваат светските медиуми

За инцидентот е отриено кога на социлајните мрежи е објавена снимката на која козата ги носи документите.

На видеото се гледа црна коза која стои со документи во устата. Според индиските медиуми, откако вработените ја забележале надвор од зградата, таа почнала да бега.

Еден од вработените почнал да ја брка, а видеото завршува со „потрага“ која траела извесно време.

Животното на крајот било фатено, а работниците ги вратиле документите иако биле изџвакани.

Сепак, тврдат дека тоа не се официјални документи, па штетата е несериозна, пренесува „Independent“.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!