четврток, 28 септември, 2023

„Тие се наши браќа и сестри, тагуваме за нив“ – Венци на плоштадот „Скендербег“

На плоштадот Скендербег во Скопје им оддадоа почит на жртвите во трагедијата во Бугарија. Многумина од нив едвај ги задржаа солзите додека раскажуваа за болката што ја чувствуваат за лицата кои го загубија животот во трагичната несреќа.

„Господ да им даде трпение, друго не знам што да кажам. Бог да им даде утеха бидејќи не е добро што заминаа вака. Тие не заминаа од судбина туку поради пропуст на државата“.

„Сите наши браќа и сестри се. Дојдовме да им оддадеме почит. На семејствата Бог да им даде утеха а ним вечен живот, бидејќи друго нема што да правиме“.

Најпрво МНР информираше дека поворката ќе се движи низ главниот град но истата на барање на семејствата на жртвите беше откажана. Телата на починатите од аеродром им беа предадени на семејствата.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари