понеделник, 28 ноември, 2022

Mерници станици покажуваат АЛAPMAНТНИ БРОJKИ: 3 градови во државата имаат најзагаден воздух, меѓу нив не е Скопје

Нема ништо подобро од тоа наутро да го отворите прозорецот и да вдишете чист и свеж воздух, но колку е чист воздухот што го вдишуваме сега?

Иако деновиве е очигледно загадувањето, понекогаш не можете да ја процените загаденоста од тоа што го гледате пред вас. Според Светската здравствена организација, годишно умираат околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.

Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето.

Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент.

Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример, јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.

Мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва покажуваат дека едни од најзагадените градови во Македонија се Струмица со измерени 390 mg/m3, Кичево со 256 mg/m3 и Кавадарци со 252 mg/m3.

По нив следуваат Ректорат со измерени 191 mg/m3, и скопските населби Лисиче со 184 mg/m3 и Гази Баба со 180 mg/m3.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!