вторник, 18 јануари, 2022

Трагедија: Две возрасни лица, тригодишно и тримесечно бебе, починаа во пожар што избувна во зграда во Барселона

Две возрасни лица, тригодишно и тримесечно бебе, утрово ги загубија животите во пожар што избувна во диво населена зграда на поранешна банкарска агенција во центарот на Барселона, соопштија пожарникарите.

Четирите жртви се „двајца возрасни, едно бебе и едно тригодишно дете“, изјави за новинарите Анхел Лопез, шеф на операцијата за пожари, додавајќи дека пожарот е изгаснат.

„Пожарникарите спасија четири лица и се обидоа да реанимираат уште четири (двајца возрасни, едно дете и едно бебе), кои починаа“, напишале пожарникарите на Твитер.

Четворицата спасени се хоспитализирани и надвор од животна опасност.

Портпаролот на полицијата изјавил дека во зградата живееле две семејства. Причината за пожарот не е позната, а полицијата го истражува случајот.

Голем ризик во Барселона претставуваат многу напуштени згради кои не се погодни за живеење, но се уште се спас за луѓе без покрив над главата.

Пред околу една година, неколку луѓе загинаа во напуштен магацин во Бадалона, во близина на Барселона.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!