вторник, 18 јануари, 2022

Тажна вест го потресе спортскиот свет: Почина ЛЕГЕНДАРНИОТ ФУДБАЛЕР на Ливерпул и на Арсенал, Реј Кенеди

Англискиот фудбал остана без легендарниот Реј Кенеди кој почина на 70-годишна возраст.

Кенеди играше во средниот ред и во нападот, и беше еден од најдобрите фудбалери во Англија во 1970-тите и 1980-тите години.

Професионалната кариера ја започна во Арсенал во 1968 година и за „топчиите“ настапуваше до 1974 година притоа постигнувајќи 53 гола на 158 натпревари.


Во сезоната 1970/71 со Арсенал ја освои двојната круна, триумфира во ФА купот и во првенството и го постигна победничкиот гол против Тотенхем кој му ја донесе шампионската титула на својот тим.

Со Арсенал триумфира и во Купот на Саемски градови, по што во 1974 година за тогаш рекордни 200.000 фунти беше продаден на Ливепрул.

За Ливерпул играше до 1982 година и на 275 натпревари постигна 51 гол. Со „црвените“ освои пет шампионски титули во Англија, четири англиски Суперкупа, три титули во Купот на европските шампиони и по еден Лига куп и Куп на УЕФА.

Извор: Слободен Печат

Коментари

коментари

error: Content is protected !!