вторник, 18 јануари, 2022

ТАРАВАРИ СО СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА: На наша ПРАТЕНИЧКА лично Заев НУДЕЛ ПАРИ за да премине кај нив

Власта нема 61 пратеник, тврди градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Во интервју за Сител, Таравари рече дека групата на Алијанса е компактна иако е јавна тајна дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците.

-Им дава сума пари за да преминат кај нив, но нашата група е компактна. Нашите пратеници знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од корумпирана влада, рече Таравари и потврди дека лично Заев ѝ нудел пари на пратеничка на Алијанса, но таа ги одбила.

На наша пратеничка ѝ нудел пари лично тој, но таа веднаш ги одбила, не сакала ниту да зборува со него за тоа. Ѝ се јавувале и другари на премиерот и други луѓе, но одбила, рече Таравари без да открие за колкава сума пари се работи.

Тој рече дека случајот не е пријавен, затоа што во државата никој не верува во системот.

-Во ненормална држава вакв работи се стандардни, рече Таравари, зборувајќи за исчезнувањето на Кастриот Реџепи.

-Знаете само кој беше спокоен, премиерот, министерот за внатрешни и ДУИ. Зашто ете така, нормално е еден ден еден пратеник да исчезне. Ова е циркуз држава, рече Таравари.

За оваа влада криминалните афери се знаат и без да постојат прислушкувани разговори. Не ви требаат разговори, тоа се гледа на сите страни. Не се знае каде однесе Боки 13 милион и пол евра.

Во Мавровка се радеше објект, не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци се бараше кој треба да го урне тој објект за на крај Али Ахмети да отиде таму и да испие кафе.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!