вторник, 18 јануари, 2022

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Полиција има насекаде, евакуирани повеќе објекти, блокирани улици

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.

Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забележливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Зсега нема официјални информации што точно се случува.

Според непотврдени информации, станува збор за дојава за подметнат е-кс-п-л-о-зив.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!