вторник, 18 јануари, 2022

Шефот на СЗО ЗАГРИЖЕН: Мерките не се неопходни, НЕПРАВЕДНО се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус – омикрон.

Тој вели дека мерките не се неопходни и дека неправедно ги казнуваат африканските земји.

„ Добро ја разбирам загриженоста на сите земји и потребата да се заштитат нивните граѓани од варијанта што сè уште не ја разбираме целосно. Но, подеднакво сум загрижен што неколку земји-членки воведуваат груби, општи мерки кои сами по себе не се базирани на докази или ефективни и тоа само ќе ја влоши нееднаквоста“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО, пренесува „Ројтерс“.

Новиот сој на коронавирусот првпат беше пријавен на југот на африканскиот континент пред една недела, што предизвика глобален аларм и доведе до забрани за патувања.

Дополнително, веста за ширење на нов вид на вирус ја истакна разликата помеѓу масовните кампањи за вакцинација во богатите земји и спорадичната вакцинација во земјите во развој.

Шефот на СЗО ги повика 194 земји-членки да се придржуваат до рационални, пропорционални мерки.

„ Сè уште имаме повеќе прашања отколку одговори“, рече Тедрос за сериозноста на видот омикрон и ефективноста на вакцините.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!