вторник, 18 јануари, 2022

Се судриле патничко и полициско возило – Има повредени

Вчера околу 12.10 часот на автопат на влез за Скопје, пред „клучка Ченто“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, стои во соопштение од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!