вторник, 18 јануари, 2022

Русија нема да ги казнува граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат

Официјален Кремљ ја отфрли можноста за воведување казни за одбивање вакцинација против корона вирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Не, не дозволуваме да се воведат такви мерки во Русија – рече претставникот на Кремљ на прашањето дали Русија би можела да воведе мерки слични на оние што се планираат во Австрија, со кои, како што е најавено, би можеле да почнат да ги казнуваат луѓето што одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, пренесува руската агенција ТАСС.

Виенскиот весник „Ди Пресе“ вчера пишуваше за тековниот закон кој се однесува на воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 во Австрија. Според тој член, последниот закон предвидува глоба до 7.200 евра за одбивање вакцинација.

Предлог-законот треба да биде претставен за една недела, а на двата дома на австрискиот парламент ќе им треба „зелено светло“.

Извор: 24info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!