вторник, 18 јануари, 2022

ОВАА општина ИМА ДОЛГ над 24 МИЛИОНИ ЕВРА – Финанскиската состојба ЌЕ СЕ СЛЕДИ преку МОНИТОР на ПЛОШТАДОТ

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами одржа прес-конференција на која објави детали околу долговите на локалната самоуправа, како што најави на седницата на Советот. Тој потсети дека долгот е над 24 милиони евра.

–За да бидеме транспарентни се подготвуваме преку монитор долгот на општината да биде видлив за граѓаните на плоштадот. Исто така долгот детално ќе биде објавен на веб страницата на Општината.

-Поминаа три недели и сум ангажиран да се скенира состојбата на Тетово. Жално е како е оставена општината со многу делгови и бројни неправилности во сите области. Граѓаните заслужуваат да знаат што се случува со нашата општина, истакна Биљал Касами.

Градоначалникот на прашањата на новинарите посочи дека има неколку активности со кои планира да го намали долгот. Рече дека ангажирал внатрешна ревизија која детално ја анализира стуктурата на долговите,а според него има задолжувања на Општината за работи кои се преземени досега.

–Во текот на следната недела од кога ќе имаме поконкретна информација ќе објавам еден значаен дел од долгот кој е направен само преку една институција односно едно физичко лице.Тој дел ќе се намали со обжалување на сите решенија кои се донесени и ќе се ангажира и адвокатска куќа која ќе ги анализира сите постапки односно тоа што не е постапено од Општината и се надеваме дека тој дел кој не е реален ќе биде тргнат од обврски на општината.

-Друг дел кој е кон приватниот сектор– таму сум во постојана комуникација со сите приватни оператори кои имаат докажано првична спремност, делот од затезните камати да не го калкулираат и да не го наплаќаат од нас. Исто така се заинтересирани и имаат покажано подготвеност во делот од долгот да го намалат и да оди општината напред, посочи Касами.

Тој смета дека во вториот мандат на досегашаната градоначалничка се направени долговите.

–Владата дел од долгот им ги отплати на општините. Од тој момент општина Тетово декларираше 15 милиони долг од кои 7,5 милиони беа исплатени од Владата. Од тој момент Општина Тетово има 7,5 милиони долг. За само четири години, вториот мандат на Теута Арифи тој долг е зголемен на 24 милиони од кои 14 создаден само за четири години.

-Само три месеци пред избори има долг од три милиони евра за проекти кои сега се испратени до Антикорупциска комисија да се види дали се според законот. Има друг дел долг кој ќе биде обжален, сите луѓе кои се инволвирани ќе се бара да дадат одговор, истакна градоначалникот Касами.

Според градоначалникот од вкупно 24 милиони евра долгови- 14 милиони се на името на Општина Тетово, Јавното Комунално Претријатие (ЈКП) Тетово должи 9,7 милиони евра, 187 илјади е долгот на ЈП Градски паркинг и 77 илјади евра должат училиштата.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!