вторник, 18 јануари, 2022

Комитова: Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус, пожарот мислам дека е главната причина за жртвите

На денешната прес-конференција, министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова потенцираше дека немаат објаснување како точно изгорел автобусот во кој 45 македонски патнции го изгубија животот, а 7 преживеаја.

Таа потенцираше дека смета дека главната причина за жртвите е пожарот којшто настанал. Автобуската несреќа ја опиша како многу чуден настан.

-Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата. Грубоста на површината на патот е во прилично добра состојба. Во однос на заштитната ограда наречена „рибна опашка“ истата ги исполнува стандардите.

-Наводно, несреќата не била со голема брзина, но изб-увнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус – изјави Комитова.

Инаку, според Комитова историјата на овој патен правец започнува во 2002 година, со одобрен технички проект и градежна дозвола. Во 2006 година има дополнителна дозвола за изградба на патни клучки.

Актот е издаден во 2007 година и има ограничување на брзината од 90 километри на час. Поради некоја причина, во 2013 година максимално дозволената брзина е зголемена на 120 километри на час.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!