вторник, 18 јануари, 2022

Болен од Ковид одбивал хоспитализација па починал во Брза Помош

52-годишник од Делчево синоќа починал од последици од Ковид-19 во брзата помош, откако одбивал да биде хоспитализиран.

Не бил вакциниран, и бил со тешка клиничка слика со сериозни проблеми на дишните патишта и белите дробови, соопштуваат од Здравствениот дом.

„Вчера и денеска од 30 тестирани позитивни се 9. Има позитивни граѓани на 33 години, едно лице е на 50 години, друго на 71 година, но загрижува податокот што две деца се позитивни, а имаат по 11 години, а позитивни се и две шестгодишни деца.“

„Позитивни се и нивните родители кои имаат по 40-50 години, така што се зголемува бројот и на фамилијарните заболувања“, вели директорката на Здравствениот дом во Делчево д-р Марија Глигорова.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!