понеделник, 15 август, 2022

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ освен што промовираат проекти на СДСМ, не работат ништо

„Помина еден месец од одржаните локални избори, а градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се фаќаат за работа.

Граѓаните сведочат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во овој период успеаја само да ги промовираат проектите на СДСМ во јавноста, истите оние кои ги критикуваа, како и да го промовираат Христијан Мицкоски“, реагираат утринава од владејачката СДСМ со писмено соопштение до медиумите.

Обвинуваат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска никаде ја нема. Како што велат, освен што прави се против проектот за Бас рапид систем.

„За еден месец не успеа ниту да го обележи булеварот Киро Глигоров, што го направи Петре Шилегов.

Освен тоа, претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, упорно не закажува вонредна седница на барање на советниците од СДСМ, коалицијата и ДУИ за исплата на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.

Безобразно и во целост спротивно на препораките на УНЕСКО, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со уништување на Охрид и Охридско Езеро.

Уште на стартот од мандатот го покажаа своето режимско лице.

Јавноста е сведок и дека во неколку општини уште во првите недели се бркаа луѓето од работа, се понижуваа само затоа што не се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште на почетокот на мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ може да се заклучи дека наместо за интересите на граѓаните и општините, работат исклучиво за интересите на заменик градоначалникот Христијан Мицкоски“, стои во соопштението на СДСМ.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!