вторник, 18 јануари, 2022

Лео Меси ја освои седмата „Златна топка“

Аргентинецот во годината зад нас немаше големи успеси во клупскиот фудбал, со Барселона го освои само Кралскиот куп, но затоа со репрезентацијата дојде до трофејот на „Копа Америка“ или негова прва голема титула со националната селекција.

Лионел Меси, фудбалерот на ПСЖ, ја освои рекордната седма „Златна топка“, која се доделува традиционално за најдобар фудбалер на годината.

Дури трипати беше поразен во финалето на јужноамериканскиот шампионат (2007, 2015, 2016 година), но годинава конечно се искачи на врвот во ова репрезентативно натпреварување. Аргентина чекаше 28 години на титулата шампион на Јужна Америка, од 1993 година, и дочека на „крилјата“ на Меси да дојде до трофејот.

Играчот сега има две „Златни топки“ повеќе од Кристијано Роналдо кој оваа година не се најде во потесниот круг номинирани за наградата.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!