понеделник, 15 август, 2022

Казнети 566 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

За брзо возење казнети се 566 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија.

Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, соопштија денеска од МВР, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!