среда, 1 декември, 2021

Тешка сообраќајка – Две лица починале на лице место, еден е тешко повреден

На 24.11.2021 околу 02.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот.

Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.       

Коментари

коментари

error: Content is protected !!