среда, 1 декември, 2021

Не им бил дозволен пристап на екипата на судската медицина која треба да биде дел од обдукцијата

Утринава не им бил дозволен пристап на екипата на судската медицина која треба да биде дел од обдукцијата на лицата кои починаа во страшната несреќа во Бугарија.

Ним им било побарање одобрување од бугарски државен обвинител, спротивно на протоколите на интерпол, пренесува „ТВ Телма“.

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, допатувал со уште двајца колеги, чека одобрување, за кое се водат меѓусебни договори меѓу двајцата државни обвинители.

Инаку во несреќата, згасна животот на 45 лица од Македонија, а преживеаја 7 од кои петмина беа од нашатата земја, еден од Србија и државјанин на Белгија. 

Коментари

коментари

error: Content is protected !!