среда, 1 декември, 2021

ЦРНИ РЕКОРДИ: Забележан НАЈГОЛЕМ БРОЈ новозаразени со Ковид-19 во еден ден од почетокот на пандемијата во ОВИЕ европски земји

Германија, Чешка и Унгарија забележаа најголем број новозаразени со коронавирус во еден ден од почетокот на пандемијата, соопштија тамошните власти.

Според Институтот Роберт Кох, во Германија во последните 24 часа се регистрирани 66.884 случаи на инфекција со Ковид-19.

Седумдневната инциденца е 404,5 случаи на 100.000 жители и за прв пат е поголема од 400.

Една недела претходно биле пријавени 52.826 случаи, а седумдневната инциденца била 319,5 случаи на 100.000 жители.

Денес се пријавени 335 смртни случаи поврзани со Ковид-19, а една недела порано биле пријавени 294.

Од почетокот на пандемијата, Германија има регистрирано 5.497.795 случаи на инфекција со Ковид-19, но реалниот број на случаи е веројатно многу поголем. Потврдени се 99.768 смртни случаи.

Чешката Република има регистрирано 25.864 случаи на инфекција со Ковид-19, што е најголем број во земја со 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата, според Министерството за здравство.

Унгарија, исто така, имаше рекорден број на нови случаи со 12.637 потврдени нови инфекции, објави денес Министерството за здравство.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!