среда, 1 декември, 2021

Заев: Повредените седум лица успеале да го скршат прозорецот на задните седишта и да се спасат

Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите истакна дека кога настанал пожарот и несреќата на македонскиот автобус во Бугарија, повредените патници успеале да скршат прозорец кој бил на задните седишта и да се спасат.

„На задните делови од автобусот, на задните седишта, успеале да го скршат прозорецот и да се спасат овие седум луѓе“, вели Заев.

Тој додава дека роднини на повредените веќе биле пристигнати во болницата.

На новинарско прашање околу причините за несреќата, Заев порача дека ќе чекаат тоа да го кажат професионалните и стручните служби.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!