среда, 1 декември, 2021

Реконструкција на трагичниот настан: ЕВЕ што знаеме досега за трагедијата и кои се познатите факти?

Од досега познатите факти автобусот на Беса Транс се враќал од екскурзија во Истанбул.

Технички проблем на автобусот или грешка на возачот – Што ја предизвикала стравичната сообраќајна несреќа и дали експлозијата на автобусот за која сведочат преживеаните се случила пред или по ударот во десната банкина, по кој избувнал пожарот? Зошто само 7-мина од вкупно 53 луѓе успеале да се спасат?

Од досега познатите факти автобусот на Беса Транс се враќал од екскурзија во Истанбул. Околу 22 часот автобусот влегол на бугарска територија на граничниот премин Капитан Андреево по што се упатиле кон Софија каде направиле пауза на бензиска станица нешто по полноќ.

Околу еден час подоцна, сообраќајната несреќа се случила на околу 31 километар југозападно од главниот град, во близина на селото Боснек, во правец кон Македонија. Автобусот возел со 100 километри на час и бил последен во колоната составена од 4 автобуси од истата туристичка компанија.

Меѓу првите што дошле на местото на несреќата бил Васко Пиргов, секретар на регионалниот совет за безбедност на Перник… според него, најверојатната причина е човечка грешка.. возачот се збунил кога видел дека лентата се разделува и влетал во заштитната ограда по што настанало триење кое резултирало со експлозија на автобусот.

Стравичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 46 македонски граѓани е една од најтешките кои се случиле во Европа во последните десет години.

Несреќата разбуди горчливи сеќавања за македонскиот народ бидејќи пред само речиси 3 години, автобуска несреќа се случи во близина на селото Ласкарци во која животот го загубија 16 лица.

Видеото со реконструкција на несреќата погледнете го ОВДЕ

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!