среда, 1 декември, 2021

ТАЖНО: Меѓу жртвите и ПЕТ ДЕЦА од ОВАА скопска општина

Тага и молк во основното училиште „Исмаил Ќемаили“ во скопски Чаир – пет ученици од ова училиште неофицијално го загубија животот во автобуската несреќа. Дел од вработените за ТВ 24 потврдуваат дека добиле информација дека се работи за нивни ученици.

Најмладиот од петте деца бил второ одделение, а најстариот девето. Сите биле во роднинска врска, но не биле на одмор преку училиштето, туку на патување со нивните семејства, што завршило трагично.

Наставата во училиштето во првата смена била прекината, Откако информацијата за смртта на петте ученици почнала да се шири низ училиштето помнеѓу учениците и вработените.

Зад камерите во солзи ни раскажаа дека тагата и загубата е преголема, а нвните соученици не можеле да се помират со фактот дека повеќе ги нема нивните другарчиња.

Ниту директорката, ниту некој од вработените не беше во состојба да даде изјава, само ни потврдија позади камерите дека пет од нивните ученици го загубиле животот во автобуската несреќа. Еден второоделенец, еден шесто одделение, еден осмо и двајца ученици од девето одделение.

Извор: 24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!