среда, 1 декември, 2021

Истрагата за несреќата наиде на ПРОБЛЕМ, УНИШТЕН е еден од ГЛАВНИТЕ ДОКАЗИ

Истрагата во Бугарија веќе на самиот почеток се сретна со проблеми. Еден од главните доказни материјали ленатата за движењето на автобусот, т.н. Тахограф изгорел во пожарот на автобусот, соопштија надлежните.

Бојко Рановски, од државната автоагенција вели дека собракајни прекршоци на возилото не се евидентирани од граничниот премин Капитан Адреево.

Како доказен материјал ќе се користи и материјалот од камерите на преминот и агенцијата за надзор на патишта.

Првиот увид на местото на несреќата го имал и секретарот за безбедност на Перник, кој пристигнал прв заедно со пожарникарите. Според него нема дилема дека причина за несреќата е човечки фактор.

Пожарот кој избувнал настанал со триење на автобусот со банкината. Според Пиргов, до возачкото место по се изгледа имало туби полни со нафта поради што дошло до екплозија во автобусот. Први настрадале тие што седеле на предните седишта.

Бугарските експерти ја анализираат и безбедноста на автопатот и поставеноста на знаците на делот од автопатот каде се случила несреќата.

Трагедијата се случила во два часот на автопатот кај селото Боснек, 40 км јужно од Софија.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!