среда, 1 декември, 2021

Денеска се празнуваат повеќе апостоли

Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј.

Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар. Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите.

Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт беше епископ во Бејрут.

Сосипатер и Терциј беа, еден по друг, епископи во Иконија. Првиот подоцна отиде на Крф, каде го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос, а Терциј пострада маченички во Иконија.

Последниов го запиша Посланието на свети апостол Павле до Римјаните.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!