недела, 25 септември, 2022

Познати се казните за непочитување на новата обврска: Казна од 3.600 евра за одбивање на вакцина против Ковид-19 во Австрија

Откако австриската влада најави дека ќе воведе задолжителна вакцинација, сега се познати и казните за непочитување на новата обврска, пишуваат денеска австриските медиуми.

Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза од вакцината, пренесуваат медиумите во регионот.

„Мора да се направи понуда и граѓаните да почнат да се вакцинираат. Кој ќе ја одбие таа понуда ќе треба да плати казна“, изјави министерката задолжена за уставни прашања, Каролина Едштадлер.

Таа потврди дека казните се во наведениот износ.

„Апсолутно не сме задоволни со стапката на вакцинација“, рече Едштадлер на јавниот сервис.

Извор: 24info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!